Ужасен створ: Пеколна мравка ги напаѓа жртвите со метален рог и им ја пие крвта


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Природата има нов претендент за „титулата“ најстражно суштество – новооткриениот вид праисториска „пеколна мравка“ со рог засилен со метал кој го користела за пробивање на телата од непријателите, за потоа да им ја пие крвта.

Научниците неодамна го опишаа овој нов вид (Linguamyrmex vlad) во списанието Systematic Entomology. Она „влад“ во името асоцира на принцот Влад Тепеш III од 15-ти век, познат како грофот Дракула, и тоа поради прехрамбените навики, пренесува IFLScience.

Овој вид на мравки ровареле по Земјата за време на доцниот период на Креда, пред околу 98,8 милиони години. Должината им била само неколку милиметри и најверојатно биле мравки работнички. Како и поголемиот број мравки од Креда периодот, и пеколните мравки припаѓаат на раните видови кои се разликуваат од денешните мравки.

Овој мал примерок е откриен во рудник во Мјанмар. Научниците од Технолошкиот институт Њу Џерси и Американскиот природонаучен музеј користеа рентгенски зраци, светлосни микроскопи, СТ скенирање како и други техники за да го истражат импресивното оружје кое се наоѓало на главата од мравките.

Имено, нивниот рог бил зајакнат со честички од метал. Научниците тврдат дека тоа им помагало подобро да се носат со стресот кој го поднесувале кога го користеле рогот за притискање, а можно и прободување на жртвите со меки тела.

Иако била само работник, оваа мравка имала голем рог. И други инсекти понекогаш ги изолирале металите за да ги зацврстат нивните делови од телото, и тоа најчесто магнезиумот, цинкот и железото. Најверојатно и пеколната мравка Влад ги користела тие основни метали.

Пеколната мравка сега живее во природонаучниот музеј. Овој вид им се придружи на шест други вида пеколни мравки, од кои четири беа откриени во Мјанмар, додека останатите два се од Франција и Канада.