Ужас во Унгарија: Претепал жена до смрт и го заклал нејзиното 2-годишно дете


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ужасното и грозоморно двојно убиство кое се случи во унгарскиот град Варпалота, западна Унгарија, ја потресе целата држава.

Една жена била претепана до смрт, а нејзиното двегодишно дете било заклано од страна на бившиот партнер на жртвата. Убиството на младата мајка и детето за полицијата оваа недела го призна Золт Б., поранешен љубовник на убиената Енико.

Тој двојното злосторство, во кое го заклал и двегодишното синче на Енико, Герго, го извршил минатата недела, очигледно не можејќи да се помири со фактот дека неговата љубовница му се вратила на таткото на нејзиното дете.

Петер Полгар, јавен бранител на Золт Б., изјави дека неговиот клиент е збунет и го прогонува злосторството кое го сторил. Признателното сведоштво на Золт траело со часови и било детално. Наводно, тој и Енико претходно се договориле да се најдат, бидејќи Золт го имал кај себе лаптопот од жртвата кој го поправал. Заедно поминале неколку часа разговарајќи. Золт не можеше да одговори пред полицијата зошто го извршил грозоморното злосторство, но повторувачки тврдел дека убиството не го извршил од љубомора.

Унгарските медиуми пренесуваат изјави од пријателите на злосторникот, кои не можат да си дојдат на себеси после таквото сознание, особено поради фактот дека Золт досега не бил обвинуван за никакво кршење на било каков закон, ниту имал криминално досие. Сите го опишаа како мирен и тивок човек за кој не ни можело да се замисли дека може да изврши такви ужасни убиства.

„Не можев ни да замислам дека Золт воопшто може и да го повиши гласот. Заедно бевме четири години и никогаш не кренал рака на мене, ниту бил агресивен. Беше тивок и сакаше деца и животни. Никогаш никого не повредил. Колку што знам, го сакаше синчето од Енико“, изјави за унгарските медиуми бившата девојка на убиецот.

Но, таткото на убиеното детенце изјави дека бил сигурен оти токму Золт е убиецот.

„Уште не можам да прифатам што се случи. Кој може да убие двегодишно дете кое никого не повредило? Нашето семејство сака да го погледне во очи. Ќе го чекаме додека не излезе. Не постои доволна казна за она кое го стори. Ништо нема да ги врати назад Енико и мојот син“; изјави очајниот татко.