Ужас во Охрид: Жестоки бранови од Охридско езеро пустошат по плажите (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Големи и силни бранови, предизвикани од силен ветер, со огромна моќ ги пустошат летните бавчи покрај охридското крајбрежје. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот.

„По плажите е ужасно! Се што е покрај езерото е под вода! Ветерот направи лом, како да паднала атомска бомба. Кафулињата Аквариус, Кадмо и многу други, сè е однесено од водата. Во опасност се и прикотвените бродови“, ни изјави охриѓанецот Ване Петкоски.