Ужас во Конго: Жени биле принудувани да платат со секс за да примат вакцина против ебола


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според извештајот на пионерската програма за вакцинирање на Светската здравствена организација, во ДР Конго, каде владее втората најголема епидемија на ебола, жените кои сакале да бидат вакцинирани со експерименталната вакцина против овој стравичен вирус, биле принудувани на секс и сексуално експлоатирани за да ја добијат вакцината, пренесува Макфакс.

Учесниците во студијата за вакцината против ебола и хуманитарните работници алармираат дека од жените се бараат сексуални услуги во замена за вакцината и за другите медицински услуги поврзани со еболата”, дел од зголемениот наплив на родово-базирани насилства кој зајакнува паралелно со епидемијата, покажува истражувањето презентирано на состанокот на националната работна група во Бени и објавено во „Гардијан“.

„Овој регион на ДРК има долга историја на сексуално насилство и експлоатација на жените и девојките. Иако е шокантно, ова е проблем што можеше да се очекува”, вели Трина Хелдерман, висок советник за здравство и исхранаво хуманитарната НВО Медијар, критикувајќи ги хуманитарни актери за неуспехот да воведат посеопфатни безбедносни мерки за заштита на жените и девојките.

Жените се обвинети дека не успеале да го спречат ширењето на еболата, покажува истражувањето на Меѓународниот комитет за спасување.

Министерството за здравство на Конго објави јавен повик за жителите да го пријават секој што нуди третман или вакцинација во замена за пари и потврди дека имало гласини оти жените што учествуваат во акцијата против ебола ги добиле работните места во замена за сексуални услуги, но не се осврна на гласините за секс-за-вакцина.