Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хоророт кој се случил на еден паркинг пред супермаркет во Австрија ја шокираше и потресе австриската јавност.
Австриските медиуми пренесуваат за стравичната трагедија која ја потресе тамошната јавност, во која 36-годишен Македонец ја избодел својата 32-годишна сопруга, исто со потекло од Македонија, пренесува Фокус.
Според известувањата од локалните австриски медиуми, типот ја пречекал својата сопруга на паркинг пред супермаркет, каде ја избодел до смрт пред очите на повеќе присутни случајни сведоци.
Тие двајца имаат две деца, на возраст од шест и десет години кои, за среќа, не биле присутни на местото на злосторот во моментот кога се случило убиството.
Причината за убиството засега е непозната. Убиецот е уапсен, а најдено е и оружјето со кое било извршено грозоморното убиство.