Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сестраниот технолошки гигант Google им се извини на корисниците за „заборавањето“ да ги извести дека нивниот домашен безбедносен систем Nest Secure има вграден скриен микрофон преку кој може да се шпионираат корисниците.
Nest Secure системот од Google им дозволува на корисниците да се поврзат со десетици детектори за движење, аларми за магнетни врати и безбедносни камери со цел да ја централизираат контролата врз овие домашни безбедносни системи. Мониторната единица од домот на корисникот испраќа предупредувања директно до сопственикот ако нешто не е во ред. Но, од Google „заборавиле“ да им кажат на кориснците за потенцијалните шпионски уреди скриени во внатрешноста.
OOPS! I wonder how many other microphones I have unknowingly purchased https://t.co/1FxKUR9wZX
— Josh Elman (@joshelman) February 20, 2019
Природно, Google предизвика вознемиреност кај клиентите кога, претходно овој месец, објави дека тие можат да го користат нивниот Nest Secure систем за да му упатат на Google Assistant прашања и наредби од типот „активирај ми го алармот“, „дали ќе ми треба чадор денес?“ или „дали го шпионираш секое мое движење?“
Google has secretly installed a microphone in a physical device (Nest). Who would believe that they have never turned it on? Or maybe just ‘accidentally’, like with Streetview cars and wifi interception … Will anyone investigate? https://t.co/I23kvCAwtd
— Graham Greenleaf (@grahamgreenleaf) February 20, 2019
Дури и откако го објавија интегрирањето на Google Assistant, од компанијата не спомнаа за скриените микрофони. Откако во јавноста излегоа поплаки од сомничави корисници и адвокати за приватност, од Google признаа дека во Nest Secure има вградено скриен микрофон и тврдат дека тоа не е голем проблем.
„Вградениот микрофон никогаш не требаше да биде тајна и требаше да биде вброен во техничките спецификации на уредот. Тоа беше грешка од наша страна. Истиот тој таен микрофон никогаш не беше вклучен од старт, туку можеше да се активира само со специјално подесување на поставката лично од страна на корисникот“, велат во обидот да ги успокојат своите клиенти од Google.