Утрово провејува слаб снег, преку ден сончево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрово ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови, додека преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер на југоистокот.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, додека дневните ќе се искачат од 3 до 10 степени.

Во главниот град ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а утринската температура ќе се спушти до 1 степен, додека дневната ќе се искачи до шест.

Утринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.

Од утре следува период на променливо и не многу студено време, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидата во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има од среда кон четврток.