Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цените на нафтата утрово се повторно во паѓачка тенденција. На лондонскиот пазар вредноста на барелот е 91 долар, што е значителен пад во однос на вчерашниот ден кога цената беше околу 94 долари.
Загриженоста за побарувачката повторно преовладуваше кај инвеститорите поради мерките за сузбивање на коронавирусот во Кина и очекуваното зголемување на каматните стапки во еврозоната и во САД.
Цената на барелот на лондонскиот пазар по пладне беше пониска за 2,67 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,07 долари.
На американскиот пазар барелот во електронско тргување се тргуваше по цена за 26 центи пониска од петокот вечерта, по 86,61 долари. Американските пазари беа затворени во понеделникот поради Денот на трудот.
На почетокот на неделата цените беа поддржани со одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници благо да го намалат производството во октомври, за само 100 илјади барели дневно.
„Одлуката да се промени септемвриското зголемување на производството од 100.000 барели дневно беше повеќе симболична отколку суштинска“, рече Крег Ерлам од ОАНДА.
„Но, тоа ќе ги натера трговците двапати да размислат пред да ги намалат цените, како што тоа го прават во последно време“, додаде Ерлам.