Утрово два помали земјотреса регистрирани во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Два земјотреси утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје. Првиот посилниот земјотрес беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет во 8 часот изутринава.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен. Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.