Утрински ритуал кој ве исполнува со енергија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако наутро се мачите да се разбудите и ви треба дупло кафе за да функционирате, експертите советуваат нов метод од 90 секунди утринско туширање, кое ќе ве наполни со енергија.

Експертите од Академијата „Кериер Грл“ велат дека многу луѓе наутро се тушираат на погрешен начин. Топлата вода дополнително го успива организмот без оглед на тоа што од туш кабината ќе излезете во постудена просторија.

Тие советуваат да се туширате 30 секунди со студена вода, потоа 30 секунди со топла и повторно 30 секунди со студена вода.

Иако можеби нема да ви биде пријатно, комбинацијата на студено-топло туширање ги отвора капиларите и ја подобрува циркулацијата, а сето тоа го стимулира телото и мозокот. Исто така, го редуцира стресот бидејќи гради повисоко „ниво на толеранција”, го подобрува имуниот систем креирајќи бели крвни зрнца и поефектно ги согорува мастите.

Викторија Бекам редовно ја практикува оваа метода и истакнува дека ова туширање има антидепресивен ефект, бидејќи праќа високо ниво на електрични импусли до мозокот.