Утринска магла и дневно сонце во понеделник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нема да има некои промени во временската состојба в понеделник, во однос на претходните 2-3 дена. Наутро локално низ котлините и речните долини ќе има услови за краткотрајна магла, а потоа ќе биде сончево насекаде.

Ветерот ќе биде сосема слаб и ќе дува од југоисток.

Максималната температура ќе биде слична во однос на претходните денови и ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места заради сончевото време околу 11°С.

Скопскиот регион очекува сончево време. Наутро ќе има појава на слаба магла. Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 12°С.