Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утринската ерекција се смета за физиолошки феномен кој се јавува кај целокупниот машки пол, па дури и кај бебињата во матката и малите деца, тврдат медицинските експерти.
Утринската ерекција се јавува како последица на комплексно функционирање на нервниот и ендокриниот систем. Во будна состојба, кога мажот е сексуално возбуден, пораката настанува во мозокот и праќа хемиски сигнали до нервите кои влијаат на крвните садови во машкиот полов орган, доведувајќи крв во него. Крвта тогаш станува „заробена“ во машкиот полов орган поради што тој се шири и расте, а тоа резултира со ерекција.
Ноќната ерекција се случува во текот на REM фазата од сонот, во која сонуваме. Се јавува кога се активирани одредени делови од мозокот кои влијаат на работата на нервите за одмор, акција, страв и кога се стимулирани хормоните одговорни за расположение.
Оваа појава можна е само во фазата на сонување и затоа мажите се будат со ерекција, бидејќи утринското будење обично е будење од REM фазата на сонување. Понекогаш е можна појава на ерекција и во NREM фазата, но тоа обично се случува кај старите машки лица и причината за тоа уште не е јасна.
Имајќи во предвид дека постојат неколку фази на сон во текот на ноќта, мажите можат да имаат и до пет ерекции во една ноќ кои можат да траат од 20 до 30 минути. Но, сето тоа зависи од квалитетот на сонот. Со текот на годините ноќната, односно утринската ерекција постепено ќе се намалува, но мажите главно ќе ја доживуваат и кога ќе го преминат старосниот праг за пенција, пренесува The Sun.
Зошто се случува?
Утринската ерекција се поврзува со исполнетоста на мочниот меур. Некои научници тврдат дека тоа е сигнал на мозокот во сон дека мочниот меур е полн и треба да се испразни. Но, денес експертите се склони кон мислењето дека мочниот меур ги стимулира нервите кои водат до карлицата, а тоа директно влијае на ерекцијата. Не е познато дали утринската ерекција има врска со поздрава состојба на машкиот полов орган.
Што треба да ве загрижи?
Појавата на некои болести може да предизвика отсуство на овој вид на ерекција. На пример депресијата и дијабетесот предизвикуваат намалување или целосно отсуство на еректилната утринска појава.