Утре во Хрватска е прогласен Ден на жалост, по смртта на легендарниот Оливер Драгојевиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ свика телефонска седница на Владата на која 31. јули е прогласен за Ден на жалост во чест на смртта на Оливер Драгојевиќ.

„Денес свикав телефонска седница на Владата и предложив усвојување на Одлуката за прогласување на 31. јули 2018. за ден на национална жалост по повод смртта на Оливер Драгојевиќ, која ја поддржаа сите членови на Владата“, објави Пленковиќ на својот службен твитер профил.

За потсетување, во неделата во 71. година од животот во Сплит почина легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ. Почина во пет часот изутрина во сплитската болница, една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.