Home Актуелно Утре вечер ќе се знае дали Алтернатива влегува во Влада или не

Утре вечер ќе се знае дали Алтернатива влегува во Влада или не

Утревечер дефинитивно ќе се знае дали Алтернатива ќе влезе во Владата откако ќе заседава Централниот совет на партијата, велат од Алтернатива за ТВ 24.

Но, не се знае дали веднаш по партискиот состанок ќе следува и средба меѓи лидерот Африм Гаши и премиерот, Зоран Заев. Од СДСМ пак, за истата телевизија само потврдиле дека уште една средба меѓу двајцата лидери сигурно ќе има, но до понеделник.

По вчершната средба, Гаши изјави дека можеме да се каже дека има напрадок и дека следуваат консултации во партиите.

И од владината прес-служба потоа соопштија дека на средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, и дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без задршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…