Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно време кое ќе биде проследено со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава.
Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува, а повремено засилен ветер ќе дува и во петок.
Дневната температура ќе биде пониска за околу 8 степени.
Минималните температури ќе се движат д 5 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 10 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо со услови за појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено може да засили. Температурата од 11 до 23 степени.
До крајот на викендот наутро ќе биде свежо, преку денот ќе се задржи стабилно, а дневните температури благо ќе се покачуваат.
Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне утре во 22 часот и две минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.
На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.
За првиот есенски ден метеоролозите најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени.
Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.