Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За утре попладне е закажана нова средба на сè уште актуелниот премиер Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.
Ќе си подадат ли рака за влез во Влада и како евентуално ќе се поделат министерските фотељи во новата Влада, останува неизвесно.
Од СДСМ не кријат дека се подготвени да го поделат владиниот колач со Алтернатива. Откако од партијата на Гаши, беа децидни дека ќе влезат во Владата доколку како што велат – коалиционите партии од владејачкото мнозинство се откажат од дел од моќта. Што би отстапило СДСМ конкретен одговор нема, од партијата велат дека поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите.
„Нормално е дека во разговорите кои се водат за владино коалицирање поделби на одредени ресори или како што го кажувате поделбата на моќта е апсолутно секако возможно за да се продолжи напредокот. Тоа е најважно, не се важни ресорите, не се важни само позициите, битно е да имаме една заедничка цел а тоа е евроатланскиот пат, менаџирање на економската, енергетската и здравствената криза.“ изјави Стефан Васев, СДСМ
Во пресрет на преговорите Заев – Гаши, Мицкоски му порача на лидерот на Алтернатива кога ќе седне на иста маса со Заев, да го има на ум, како што вели фактот, дека станува збор за најкриминалната Влада во земјава досега.
„Нашиот став во однос на ова мнозинство веќе го знаете. Станува збор за најкриминалната Влада и најнеспособната Влада во овие 30 години. Претпоставувам раководството на Алтернатива го имала тој податок во предвид и претпоставувам претседателот на Алтернатива ќе ги има во предвид овие факти кога ќе биде на иста преговарачка маса со лидерите на СДСМ и ДУИ.“ кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Кон што конкретно цели Алтернатива останува непознато, иако во јавноста се шпекулира дека апетитите се движат на ниво на едно до две министерски и повеќе директорски места..
ДУИ пак остануваат воздржани во однос на поделбата на владиниот колач со Алтернатива. Во меѓувреме, по СДСМ, и од партијата на Ахмети денеска тврдат дека мнозинството во законодавниот дом брои 61 пратеник, но кој е 61виот останува мистерија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи не откри дали можеби се работи за пратеник од Алијанса за Албанците.
„Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата. Мислам дека самите пратеници ќе кажат кои се дел од мнозинството и ќе ја поддржат оваа евроатланска Влада“, истакна Бујар Османи, министер за надворешни работи
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека не знае дали постои и кој е 61от пратеник, за одговор ги упати медиумите во Владата.