Утре почнува судскиот процес за случајот „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска Масевска утре го започнува судскиот процес за случајот во врска со аферата „Рекет“.

На еден ден пред стартот на судењето за случајот Рекет, се поизвесно е дека Боки 13 ќе го започне процесот донесен од затворот во Шутка, пренесува Телма.

И денеска нема решение на неговата жалба за притвор. Скопскиот апелационен суд го доби мислењето од вишото обвинителство кое според неофицијални информации е негативно.

Тоа не се согласило на домашен притвор за Бојан Јовановски, но сепак апелационите судии ќе го имаат последниот збор. Но тие денеска не одлучуваа бидејќи пропадна јавната седница која претходно а бараше адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Од апелација за Телма велат дека и утре нема да може да одлучуваат за приторот што би значело дека само тој од тројцата обвинети останува зад решетки. Вчера беше пуштен и од градската болница каде неколку денови му се вршеа испитувања. О

д болницата велат дека после прегледите му е препишана терапија и тој може да престојува в затвор. Инаку на обвинителна клупа, утре во Кривичниот суд, треба да седнат Бојан Јовановски, екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, и Зоран Милевски-Кичеец. Според информациите претходно обид за спогодба со обвинителството имала само Јанева, но ставот на обвинителството бил дека за овој случај треба судски процес а не спогодба.

Утре тројцата обвинети ќе имаат можност да се изјаснат дали се виновни за делата кои им се ставаат на товар. Јовановски и Милевски се товарат за противзаконско примање награда, Јовановски додатно и за перење пари, додека Јанева за злоупотреба на службената положба.

Според обвинението Јовановски и Милевски успеале од бизнисменот Орце Камчев да изнудат милион и пол евра а за возврат тој со помош на специјалната обвинителка да излезе од притвор.

Јанева земала награда од 50 илјади евра и мебел вреден 5 илјади евра.