Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Утре, во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители и претставници на откупните компании.
Од Сојузот денеска ги повторија барањата: зголемена динамика на откупот и реална проценка. Но, додаваат и дека бараат пунктовите да бидат отворени и во саботите, како и, ако е потребно, рокот за откуп да се продолжи.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени 8.550 тони тутун, а просечната цена е 166,5 денари.
– Нашите барања се реални и очекуваме да се прифатат на утрешната средба со откупувачите. Бараме зголемување на динамиката на откупот, реална процена на линијата за откуп. Пунктовите бараме да бидат отворени и во сабота зашто времето изминува, а ако биде потребно Министерството со одлука да го продолжи рокот за откуп од 28 февруари, во почетокот на март. Мора итно да се реши вишокот тутун за компаниите да го преземат. Министерствтово за земјоделство и откупувачите штом се согласија, зошто тоа да не биде сега, да се пуштат картони, а откупувачите со договор која компанија да преземе и колку. Имаме и барање да се преземат околу 450 тони на тутунарите кои имаа договори со компанијата „Далија табак”, која не обезбеди средства и не го почна откупот, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, Менде Стомнароски.
Стомнароски нагласува дека барањата до Министерството, Инспекторатот и откупувачите се доставени навреме, пред една недела, за да може да се разгледаат.
На состанокот утре со министерот ќе бидат и претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите.
Според директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, вчера се откупени 640 тони, а досега вкупно 8.550 тони тутун со просечна цена од 166,5 денари.
-Динамиката на откупот е малку зголемена. Вчера се купени 640 тони и досега вкупно се преземени 8 550 тони тутун. Се очекува дека за откуп има преку 15 000 тони. Просечната цена е речиси иста цело време, 166,5 денари за килограм. Ќе видиме што и како ќе се договори на утрешниот состанок, изјави Шапуриќ.
Кај тутунарите пред пунктовите останува недовербата во проценката, па носат тутун и парцијално. Имаат и вишок количества, недоговорени и не знаат што со нив. Сепа, се надвеаат дека состојбата ќе се подобри.
– Со сопругот и со помош на аргати имаме произведено 1,5 тони тутун ама договорени ни се 580 килограми, другиот тутун стои дома и не знам што ќе биде. Процената главно оди трета и четврта класа, ретко втора, не е тоа добро, ама можеби нешто ќе се подобри. ќе видиме, вели Гордана Ангелеска, производител од Прилеп.
-Произведов три тона тутун. Сега донесов за процена 43 картони. Претходно во Битолско однесов и ми помина околу 160 денари. Не се бунам, тој тутун што е за трета или четврта, во ред, ама врвните берби, најквалитетниот тутун да не биде барем втора класа, срамота е, вели Слободан Божиноски, производител од селото Заполжани.