Утре Латас на суд за затајување данок


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Кривичниот суд во Скопје за утре е закажано првото рочиште за случајот „Тотал“ во кој обвинет е Драган Павловиќ Латас и три фирми (во кој управител или сопственик е Латас) за затајување данок.

Основна дејност на фирмата е маркетинг и пропаганда, а нејзиното седиште е во Зелениково. Оваа компанија е под истрага на Специјалното јавно обвинителство за затајување данок, поради што СЈО побара определување на мерка притвор за Латас.

Според СЈО, фирмата „Тотал маркетинг“ е меѓу четирите фирми чиј управител е Латас, обвинет дека во период од осум години давал лажни податоци во книговодствената евиденција со цел да одбегне плаќање на данок.