Home Актуелно Утре Хаг ќе му изрече второстепена пресуда на Шешељ, тој вели дека...

Утре Хаг ќе му изрече второстепена пресуда на Шешељ, тој вели дека „ќе ја преспие“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот во  Хаг утре, во 14 часот, ќе му ја изрече второстепената пресуда на претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, кој се товареше за здружен злосторнички потфат, злосторства против човештвото, убиства, говор на омраза, депортација и други злосторства против Хрватите и муслиманите во Хрватска, БиХ и Војводина.

обвинителството се жалеше и бараше казна од 28 години затвор или повторување на судењето.

Судскиот совет со кој претседава судијата Теодор Мерон може да го прифати предлогот, да одреди друга казна или да ја потврди првостепената пресуда.

За дел од српските медиуми, Шешељ изјавил дека пресудата ќе ја преспие.

„Ете колку ми е грижа за нив. Ма воопштво не ме интересира што ќе кажат таму. Пресудата ми паѓа во незгодно време, бидејќи тогаш ја имам попладневната дремка и не ми паѓа на памет да ја слушам пресудата. Сеедно ми е каква ќе биде. Доброволно не одам никаде, па ни во Хаг. Мојата судбина е да го бранам српскиот народ“, вели Шешељ.