Усвоени сите четири предлог амандмани за промена на Уставот – на 1 декември одат во Собрание


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Комисијата за уставни прашања, со девет гласа „за“ и пет „против“, го усвои и последниот од четирите предлог амандамани за промена на Уставот.

Амандманот се однесува на член 49 од Уставот за грижа за македонскиот народ во соседните држави, кој преформулира во грижа за културното и историското наследство на македoнскиот народ во странство, грижа за правата и интересите на македонските државјани во странство, но и немешање во сувереното право и внатрешни прашања на други држави.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се спртивставија на ова велејќи дека со ова Македонија се откажува од своето малцинство во Грција. За Илија Димовски со Договорот за името и амндманите на Уставот Македонија е далеку од зтворање на сите прашања со Грција која може по прашањето на идентитет допрва да прави проблеми.

За пратениците албанските опозициски партии, амандманот ги дискирминира Албанците бидејќи тие не се дел од македонскиот народ, а не им е прифатлива ниту формулацијата македонски државјани во странство.

Имаше и предлог во амандаманот да се вметне освне грижа за културното и историкото наследство и грижа за идентитето на македонскиот народ во странство.

Одговор на забелешките стигна лично од премиерот Заев, кој го образложи амандманот како дополнителна гаранција во уставот за заштита на македонскиот идентитет.

Во расправата се вклучија и пратениците од новата пратеничка група на опозицијата на чиј предлог е амандманот. За нив не е битно само да се направат амандмански измени, туку и како ќе се одвива процесот на спроведување во пракса на заштитата на културното и историското наследство. Координаторката на пратеничка група Елизабета Канческа Милеска и покрај дадената поддршка за отворање на уставните измени му порача на Заев дека мора да работи на создавање национален консензус.

Комисијата за уставни прашања по усвојувањето и на последниот предлог-амандмани узвои заклучок со кој откако амндамните ќе бидат усвоени на пленарната седница, за нив да биде отворан јавна дебата во траење од пет дена, на што остро се спротивсктави поранешниот собраниски спикер, Трајко Велјановски.

Пленарната седница на Собранието на која ќе се расправа за уставните амндамни е закажана за 1 декември.