Усвоен ребалансот на буџетот – Владата скрати на капитални инвестиции и образование


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со усвојувањето на ребалансот на буџетот за 2019 година, Владата на приходна и на расходна страна го скрати буџетот минимално, за неколку милиони евра.

Настрадаа капиталните инвестиции. Намалени се за 50 милиони евра или до крајот на годинава се планира да се потрошат 370 милиони евра. Најголемото кратење има кај железницата, а настрадаа и проекти во Министерството за образование, пренесува Алсат-М.

157 милиони денари кај универзитетот Мајка Тереза оставени се таму не знам 50 – 60 милиони, тоа што може да се реалзиара до крајот на годинава, другото продолжува следната година…- рече Заев.

Но, премиерот Заев, кој и беше на испомош на новата министерка за финансии Нина Ангеловска при презентирањето на прекроената државна каса, истана дека се обезбедени пари за ново училиште во Мала Речица каде што учат илјада дечиња. Заев кажа и дека со ребалансот се издвоени 6,5 милиони евра за субвенционирање на покачувањето на платите до 6.000 денари во приватниот сектор. Овие пари ќе се дадат за месеците ноември и декември, од кога ќе почне да важи оваа мерка. Заев истакна дека доколку сопственик на фирам од приватниот сектор ја покачи платата од 600 до 6.000 денари, ќе може да добие субвенции, односно на оваа сума ќе плати само персонален данок, а државата ќе ги плати придонесите за пензиско и за здравствено осигурување.

Мерката се однесува за било која компанија. Мала, средна, голема, џиновска било која, од било која индустрија. Ако одлучи да ги зголеми платите, до 100 евра на зголемувањето, ние ќе ги субституираме придонесите за здравстевено и пензиско, без разлика на основата од која досега давале плата- рече Зоран Заев.

Мерката ќе важи за сите 610.000 вработени во приватниот сектор и ќе трае три години. Беше појаснето и дека е направен систем за да се оневозможат манипулации, во смисла, работодавачите сега да ги намалуваат платите, па откако ќе стартува мерката да прикажат зголемување, за да ќарат субвенција. Ќе се зема тромесечниот просек на платите и тоа најверојатно за јуни, јули и за август. Министерката за финансии смета дека оваа мерка не е мека фискална амнестија за сите кои досега плаќале плата на рака.

Очекуваме по завршување на мерката, ќе креира во меѓувреме поволна бизнис клима за да компаниите можат да ги задржат и понатаму да плаќаат придонеси за понатаму да има фискални импликации после завршување на мерката…- рече Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Со ребалансот обезбедени се и пари за да се откупи делот на Макпетрол од гасоводот ГАМА, со што државата ќе стане единствен сопственик на оваа инфраструктура. Владата исто така е оптимист за порастот на економијата и смета дека бруто домашниот производ годинава наместо 3,2 ќе биде 3,5 отсто.