Уставноста на референдумот денес пред Уставен суд – еве кои се можните одлуки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако партијата Левица поднесе иницијатива за разгледување на уставноста на претстојниот референдум, во која сметаат дека распишувањето на референдумот било спротивно на Уставот, денеска Уставниот суд ќе ја разгледува оваа одлука.

За Левица собраниската одлука за распишување на референдумот е спротивно на Уставот на РМ, на Законот за референдум и кодексот на Венецијанската комисија за добри референдумски практики.

Уставниот суд е пред тешка одлука од која, практично, зависи дали ќе продолжи референдумската кампања и дали ќе се гласа на 30 септември или ќе настане политички хаос во државата. Од друга страна, „Уставен“ може да одговори негативно на два начина – тоа би требало да биде отфрлање на иницијативите, или да се прогласи за ненадлежен.

Деветтемина уставни судии денес треба да се изјаснат за околу три иницијативи во еден предмет. Познавачите велат дека секој од нив ја има донесено својата одлука и гласањето ќе биде брзо. Во составот, велат тие, има и такви кои се назначени од времето на претходната власт кога беше во својот зенит, но дека не може да се верува дека е можно некакво политичко влијание. Еден уставен судија е предложен и од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој веќе има донесено политички став дека не го признава референдумското прашање. Тука е и Елена Гошева која е назначена за известител за овој предмет а беше претседателка на судот од 2013 до 2016 година. Во моментов од редовите на самата опозициска ВМРО-ДПМНЕ има авторитети како Митко Јанчев и Никола Тодоров, кои веќе се декларираа дека ќе учествуваат на референдумот. Постојат и конспирации кои одат дотаму дека ова е однапред осмислено за да се одложи референдумот поради страв од компромитација дека нема да има доволна излезеност.