Уставните амандмани и измени денес повторно на дневен ред во Собрание


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Официјално, засега уште недостигнато двотретинско мнозинстгво, БЕСА со цврст став за своите барања, ВМРО-ДПМНЕ надвор од Собрание – со овие параметри денес на дневен ред во Собранието повторно се ставаат уставните измени за имплементација на Преспанскито договор. Почетокот на седницата е закажан за 13 часот.

Касами во телевизиско интервју кажа дека двата гласа на пратениците од неговото крило зависат од барањата кои се доставени во премиерот а тоа се да се избрише „македонско“ во ставката за државјанство и да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Со ова го става премиерот Заев во деликатна положба бидејќи доколку тој ги прифати нивните барања ризикува да ја изгуби поддршката на осумтемината пратеници од независната групана ВМРО – ДПМНЕ.

Доколку се постигне некаков договор, се очекува гласањето и усвојувањето на уставните измени да се случи најдоцна до утре попладне.