Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оспорување на претстојниот референдум


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со 7 гласа Уставниот суд донесе одлука за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на референдумот за 30 септември. 

Судијата известител Елена Гошева потенцираше дека постојат противуставни елементи околу референудмот, но останатите судии сметаа дека тоа не е доволно за да се поведе постапка.

Уставниот суд ги отфрли сите 3 иницијативи поднесени од партијата Левица и организацијата Светски македонски конгрес.

За отфрлaње на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.

Судијката известил во Уставниот суд, Елена Гошева на денешната седница побара поведување постапка и времени мерки. Гошева ова го аргументирала со тоа дека референдумското прашање е двосмислено, нејасно, содржи 8 можни одговори. Таа смета дека тербало да се постават три прашања на референдумот, а не едно. Гошева смета дека министерто за надворешни Никола Димитров, немал право да склучи ваков договорот со Грција, бидејќи како што рече, тој е ништовен и не е влезен во правниот поредок. Судијата Дарко Костадиновски пак рече дека одлуката на Собранието за одржување на референдумот, имала недостатоци, но тоа не ја прави неуставна.

Воведување на времени мерки, значи прекинување на сите подготовки за спроведување на референдумот, активностите на ДИК, на Владата, на Собранието и целата кампања.

Подносителите сметаа дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.