Уставен пресуди: Отфрлена иницијативата за продолжување на мандатот на градоначалниците


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка по двете иницијативи со кои се оспорува членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на изборите, а тоа е првата половина на мај.

Подносители на иницијативите се Светскиот македонски конгрес и Министеството за локална саноуправа.

Уставниот суд не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот, пренесе Плусинфо.

Судијката известител Елена Гошева предложи на денешната седница на Уставниот суд да не поведе постапка по добиените две иницијативи.

Со ова мандатот на градонацалиците и советниците истекува на 15 мај.