Уставен пресече: Од денес можат да се исплаќаат субвенциите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Субвенциите за земјоделците може да се исплаќаат. Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на спорниот член од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенциите до формирање на Влада.

Судот донесе времена мерка за запирање од извршување на овие законски одредби до донесување на конечна одлука. На ваквата одлука претходеше долга дискусија помеѓу уставните судии. Судијата известител Владимир Стојановски кој го образложи рефератот за иницијативата оспорување поднесена од здружението Агротиквешија, посочи дека очекувањето на земјоделците е легитимно.

Легитимно е очекувањето на земјоделците оти инвестирале и очекуваат резултати. Субвенциие се категоризирани како вонредни исплати, што е недозволиво, се работи за едно несреќно техничко решение. Предлагам да се поведе постапка за оценување на уставноста, вели Владимир Стојановски.

Судиката Наташа Габер, пак, посочи дека не случајно се ставени овие одредби во Изборниот законик, оти во минатото имало случаи на злоупотреба на исплатата на субвенциите во изборни циклуси.

Ако сега поведеме постапка тогаш постои опасност исплатата на субвенциите да се злоупотреби за некои следни избори, и индиректно охрабруваме корупција. Не случајно се ставени овие одредби. За жал политичката блокада се прекрши врз земјоделците, изјави Наташа Габер.

Измените на Изборниот законик со кои се замрзнаа вонредните исплати беа дел од Пржинскиот договор со кој се согласија лидерите на тогашната политичка четврока. Толкувањата се дека сега со поведувањето на постапката од страна на Уствен, се урива договореното во Прижино во тој дел од Изборниот законик.

Времената мерка стапува на сила од денеска. Сега на потег е Министерството за финансии. Оттаму велат дека сè уште не го добиле решението од Уставен.

Министерството за финансии се уште ја нема добиено одлуката на Уставниот суд. Во однос на прашањето за ликвидноста на буџетот, средства во буџетот има, односно државната каса е ликвидна.

Исплатата на субвенциите е блокирана седум месеци, а државата на земјоделците им должи 95 милиони евра за речиси цела 2016 година, и дел за 2015 и 2014 година.