Уставен пресече: Донесе пресуда во корист на земјоделците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Субвенциите може да се исплаќаат.

Оваа одлука денеска ја донесе Уставниот суд во однос на државните субвенции укинувајќи го членот 8-а став 1 од Изборниот законик и член 11 став 1 од Законот за спречување на корпуција.

Минатата недела Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на дел од ставовите и алинеите од спорниот член 8а од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенциите до формирање на Влада.

Судот донесе времена мерка за запирање од извршување на овие законски одредби до донесување на конечна одлука, што според толкувањето на правниците значи дека забраната за исплата не важи и субвенциите можат да се исплаќаат. Уставните судии имаа спротивсатвени ставови за ваквото решение, дел сметаа дека времената мерка е легитимна, а дел дека тоа отвора можност за злоупотреби со исплатата на субвенциите во некои следни изборни циклуси.

Од судот денеска посочуваат дека е укинат и делот каде што пишува дека не може да се располага со буџетските средства на државата, средствата на буџетите на општините и на градот Скопје, од јавни фондови, средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал