Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Успешно е направена првата операција за промена на пол, воопшто во историјата на Македонија. Тимот врвни уролози по генитално реконструктивна хирургија, предводени од професор д-р Мирослав Ѓорѓевиќ, ја направи првата интервенција за промена на пол кај 33-годишен маж.
Операцијата беше извршена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, а на лицето во текот на неколкучасовната операција му беа отстранети машките гениталии и беа формирани сите женски органи. Според доктор Ѓорѓевиќ, операцијата минала во најдобар ред и пациентот во наредните неколку дена ќе се опоравува во рамки на болницата, а потоа му следи период на опоравување во домашни услови.
Пред да биде извршен оперативниот зафат лицето една година примало хормони, а година и половина било под психијатриски надзор.
Доктор Ѓорѓевиќ рече дека ова е петти пациент со потекло од Македонија, на кој тој досега извршил операција за промена за пол. Дополни дека за отприлика еден месец, лицето кое го промени полот целосно ќе функционира како жена, а во рок од два ипол до три месеци веќе ќе може да има и нормални сексуални односи, при што ќе може да чувствува и сексуално задоволство.
Интервенцијата за промена на полот се следеше во живо од страна на учесниците на првиот симпозиум за урогенитална хирургија, кој се одржува во организација на „Аџибадем Систина“ и Центарот за генитоуринарна реконструктивна хирургија од Белград.