Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Секој на светот има предиспозиции да биде богат, само што повеќето прават грешки кои им стојат на патот. Овие 10 грешки успешните и богатите ги избегнуваат и тоа со голем лак.
Секој го наоѓа својот пат кон богатството. Некои луѓе беа доволно интелигентни и купија биткоини кога вредноста им беше колку еден долар, други пак многу работат. Но сите тие имаат нешто заедничко. Погледнете ги во оваа статија што тоа никогаш не прават успешните луѓе.
Избегнување на нови пријателства
Богатите луѓе сакаат да запознаат нови луѓе. 68% од богатите луѓе се изјасниле дека уживаат кога ќе сретнат некој нов пријател. А ситуацијата кај сиромашните е поинаква, само 11% се изјасниле така. Но секогаш е добро на патот кон успехот да се најде некој кој ќе ве поддржи, а запозавањето на нови луѓе е шанса за тоа.
Верување во судбина
Во многу ретки случаи може да се потпрете на судбина или среќа. Единствено кога избирате помеѓу црвена и плава маица. Но, кога е прашање за важни прашања тогаш богатите луѓе мислат дека сами ја одредуваат судбината на својот живот. Дури 90% од сиромашните луѓе се изјасниле дека веруваат во судбина за својата несреќа. Па така тие не работат на својата кариера и сметаат дека немаат доволно среќа.
Омраза спрема работата
„Го сакам она што го работам!“ Ова е реченица која 85% од финансиски успешните луѓе ја кажуваат. Сиромашните луѓе гледаат многу недостатоци во тоа што го работат. Со овој став веројатно ќе се сложите, тешко е да го зголемите доходот ако не го сакате она што го работите. Ако не ви се допаѓа работата која ја работите треба да ја смените, а не само да се жалите.
Невнимание спрема здравјето
Богатите луѓе многу време поминуваат посветувајќи се на своето здравје. Тоа ги вклучува посетите на доктор, здрав начин на живот спорт и слично. Како и рамномерна и здрава исхрана. Од оние со ниски примања само 13% гледаат врска помеѓу доброто здравје и успехот.
Неспремност за ризик
Сите го знаеме тоа дека ризикот, прави капитал. Но, ретко кој од нас е спремен да ризикува кога е во прашање некоја реална ситуација. 50% од богатите луѓе кои учествувале во истражувањето потврдиле и прифатиле ризик. Па дури и во ситувации каде доживеале неуспех, успеале да се подигнат и застанат на здрави нозе.
Гледање на ријалити шоуа
Меѓу луѓето кои не се богати, дури 78% од нив гледале ријалити шоу. Наместо да се занимаваат со својот живот, тие се грижат за оние на популарните. Од страна на богатите процентуално, има разлика. Само 6% од вкупниот број богати испитаници одговориле дека гледаат ријалити шоу.
Нечитање книги
„Да не читаш значи исто што и да не размислуваш“, ова е мото на богатите и успешни. Со читањето ги збогатувате когнитивните способности и од тоа може да направите одличен „мост“ кон успехот. Само 2% од сиромашните луѓе посветуваат време на читање, тоа е многу малку во споредба со онаа другата, успешната страна.
Доцна се разбудувате
Раното станување е уште една карактеристика за богатите луѓе. Тие не губат време во доцни разбудувања и расонувања. Го започнуваат денот рано и работат на тоа што сакаат да го постигнат. Во анализите одговориле дека најдобро време за легнување е помеѓи 21 и 22 часот. А денот да се започне што порано, со цел да се завршат навремено сите обврски.
Дружење со негативни луѓе
Дружењето со негативни е одлика само на сиромашните луѓе. Тие прават да се чувствувате изморено и исцрпено, па така ќе ви го одземат и она мало парче енергија кое го имате. Голем број на сиромашни луѓе одговориле дека често имаат луѓе околу нив кои знаат само да се жалат и плачат. Па дури и кога нема причина за тоа.
Прекумерно трошење
Една од карактеристиките на оние кои не се успешни е тоа дека тие имаат ограничени потреби, неограничени желби и ограничен буџет. Кога сето тоа ќе се сумира доаѓа и нивото на скалата на успех каде што се наоѓаат. Од друга страна богатите луѓе трошат порационално. Скоро сите кои се во таа категирија се служеле со некоја стратегија за распределба на буџетот. Само 10% од месечната плата да издвоите вие реално нема да ги почувствувате, но на сметка на тоа вие сами ќе си дадете 13 -та плата.