Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Од НАСА објавија дека нивниот неодамнешен обид да ја промени патеката на движење на астероид бил успешен. Научниците потврдија дека орбитата на 160 метри широката карпа Диморфос била изменета откако вселенското летало „Дарт“ намерно удрило во неа минатиот месец.
Мисијата беше замислена како тест на потенцијална стратегија за одбрана на Земјата од заканувачки предмети.
„Мисијата покажа дека НАСА се обидува да биде подготвена на сè што универзумот го фрла кон нас. Верувам дека НАСА покажа дека е сериозен бранител на планетата“, изјави директорот на НАСА, Бил Нелсон.
Агенцијата објави низа податоци со кои ги поткрепи своите проценки, вклучувајќи снимки од вселенскиот телескоп „Хабл“ и од мало италијанско летало оддалечено само 50 километри.
Судирот на „Дарт“ се случи при брзина од 22.000 километри на час на околу 11 милиони километри од Земјата. Собраните докази велат дека по судирот, орбитата на Диморфос околу друг предмет наречен Дидимос се намалила за 32 минути.