Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По пет часа тешка и долга операција почна да чука срцето на 40 годишната почината жена во градите на 39 годишната пациентка која со години чекала трансплантација на срце.
Наредните 48 часа се критични за неа, според докторите пациентката е со комплицирана состојба и е прерано е да се каже било каков исход по направената трансплантација.
Ова е трета трансплантација на срце за една година. Три срца од починати жени беа трансплантирни кај двајца мажи и последната трансплантација за прв пат е неаправена трансплантација од жена на жена.
Семејството на починатата 40 годишна жена сакаше да остане анонимно, но со голема великодушност како што кажува тимот за трансплатнација се решиле да ги донираат срцето и двата бубрега. Двајца пациенти кои биле со години на транспланатација денеска добија бубрег.
Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност, се вели во писменото соопштение на министерството за здравство.
Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев.