Успешен старт на ИТТФ турнирот во пинг понг, Скопје 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од 100 играчи денес во 9 часот ги започнаа натпреварите на ИТТФ челенџ турнирот во пинг понг.

Денес и утре ќе се одржат натпреварите во екипна конкуренција, додека последните три дена од турнирот се резервирани за поединечните натпревари и натпреварите во двојки.

На турнирот се натпреваруваат кадети и јуниори кои доаѓаат од 18 држави од целиот свет. Македонската репрезентација настапува со најголем број на учесници.

Пинг понгарската федерација обезбеди четири директни линкови преку кои љубителите на пинг понгот преку ЈУ тјуб каналот во живо ќе можат да ги следат натпреварите од турнирот.