Успеала да избега од силувач кај Олимписки во Скопје – искуството го сподели на Фејсбук


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Скопјанката со Фејсбук профил Тамара Д. вчера доживеала стрес и шок кога била нападната од лице на околу 25 години во општина Центар.

Тамара Д. искуството го сподели на Фејсубк преку статус во кој пишува дека лице на околу 25 години се обидело да ја силува, а дека таа не била прв ваков случај во општината и апелира на внимание за да не случи уште еден ваков напад.

„Вчера бев нападната пред влезот на мојата зграда од страна на лице што најверојатно беше од ромска националност, на околу 25 години, висок околу 175-180 сантиметри. Се обиде да ме силува, беше соблечен, меѓутоа на среќа успеав веднаш да избега, но во полициска станица ми кажаа дека јас сум петта жртва и дека во периодов се случиле уште 4 случаи, а еден случај бил многу посериозен од мојот. Споделете за да се расчуе дека во центар циркулира опасен човек и би сакала да не се случи уште еднаш ваков напад“, пишува девојката Тамара на Фејсбук.