Успеаја да преведат 342 години старо писмо од „калуѓерка опседната од ѓаволот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шифрираното писмо кое во 1676 година го напишала една калуѓерка која тврдела дека е опседната од ѓаволот најпосле е преведено.

Пред околу 350 години, чесната сестра Марија Крочифиса дела Кончеционе, која живеела во манастирот Палма ди Монтекиаро на Сицилија, тврдела дека е опседната од ѓаволот.

Според приказната, калуѓерката Марија едно утро во 1676 година се пробудила прекриена со мастило, откако цела ноќ ја поминала пишувајќи писма. Се верува дека Марија, која во манастирот живеела од 15-годишна возраст, врискала и се онесвестувала додека ги пишувала писмата, за кои тврди дека ѝ ги диктирал лично Сатаната. Таа тврди дека нејзината опседнатост била дел од планот на Луцифер против Бога кој ја убедувал да му служи на злото, пренесува The Mirror.

Писмото содржело бизарна мешавина од букви од архаични писма и никој не можел да го дешифрира. Дел од мистериозниот текст останал недопрен, а благодарение на истражувачите од италијанскиот центар „Лудум“, дел најпосле е дешифриран и тоа благодарение на софтвер откриен на dark web просторот.

„Чувме за тој софтвер, за кој веруваме дека го користат тајните служби за декодирање на кодирани пораки“, вели за The Times Даниеле Абате, директор на „Лудум“.

Во писмото се вели дека „Бог мисли дека може да ги ослободи смртниците, но дека неговиот систем не работи за никого“. Содржината од писмото оди толку далеку што тврди дека Бог е измислица од човекот. Тука е и референцата на реката Стикс, која во грчката митологија го одвојува светот на живите од подземјето. „Можеби сега Стикс е сигурен“, пишува во текстот.

И покрај дешифрираниот текст, Даниеле не верува дека сестра Марија била опседната од ѓаволот, туку смета дека страдала од „состојба слична на шизофренија“. Тој објаснува: „Верувам дека калуѓерката добро ги познавала јазиците и писмата, што ѝ овозможило да измисли код, а можно е да страдала од состојба како шизофренија, поради што си замислувала дијалози со ѓаволот“.