Условот на Даниел Крег за неговиот последен Џејмс Бонд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најновиот во серијалот играни филмови за тајниот агент 007 ќе го режира популарниот британски режисер Дени Бојл, но славниот Даниел Крег, како и продуцентот на филмот, имаат еден услов, пренесуваат британските медиуми.

Оскаровецот Бојл веќе некое време важи за фаворит на Крег. Меѓутоа, за Бојл се тврди дека има свое сценарио, напишано со неговиот соработник на „Trainspotting“ Џон Хоџ, кое конкурира на она од авторите кои се редовни сценаристи на филмовите за агентот 007.

Британскиот новинаr Баз Бамигбој, познат како доверлив извор на информации кога се филмовите за Џејмс Бонд во прашање, тврди дека Бојл ќе го режира филмот, но под услови кои ќе ги постават продуцентите.

„Дени Бојл ќе го режира следниот 007 филм, 25 Бонд, чие снимање треба да почне кон крајот на годината, ако сценариото на Џон Хоџ биде одобрено. Продуцентите Барбара Броколи, Мајкл Вилсон и Даниел Крег се спремни тоа да го овозможат“, напиша Бамигбој на социјалните мрежи.

Ако се овие тврдења точни, тоа значи дека продуцентите и самиот Даниел Крејг имаат навистина многу доверба во Дени Бојл, бидејќи се подготвени да ги исфрлат Правис и Вејд, автори на сценаријата за последните шест филмови околу Џејмс Бонд.