Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бизнисменот Зоранчо Митровски во случајот „Империја“ беше осуден на условна казна затвор од две години која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.
Неправосилната пресуда денеска ја изрече судечки совет во Основниот кривичен суд Скопје на чело со судијката Васка Николовска-Масевска.
Покрај казната, со првостепената пресуда судот одлучи Зоранчо Митровски и „Еземит вино“ ДООЕЛ солидарно да платат и отштета од 92,25 милиони денари (околу 1,5 милиони вра) во корист на Буџетот на РСМ, додека фирмата АД „Бетон Штип“ за преднајавената штета се упатува парите да си ги бара во граѓански спор.
Митровски пресудата ја доби за две кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
Изрекувањето на пресудата следува откако Митровски на првото рочиште одржано на 20 март годинава призна вина и постапката за него беше раздвоена.
Тогаш со него на обвинителна клупа седнаа и Цветан Панделевски и Јованчо Тасковски. Панделевски не призна вина и пред судот рече дека не го разбира обвинението и не се чувствува виновен.
Тасковски, пак, преку неговиот адвокат побара одложување за да направи увид во штетата, а адвокатот Мерџан Даути рече и дека неговиот клиент се двоуми да признае и вина.