Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Еден Азар готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи откако одби да го продолжи договорот со клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Веќе е познато дека најсилен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид, а и самиот Азар не крие дека негов сон е да го облече „кралскиот“ дрес.
Очигледно неговиот сон ќе се оствари набрзо, бидејќи угледната „Марка“ тврди дека преговорите се во напредна фаза и дека наскоро се очекува официјализација на трансферот.
Весникот открива дека Зинедин Зидан лично имал телефонски разговор со Азар и го убедил дека доаѓањето на „Сантиаго Бернабеу“ е најдобар потег за него.
Сега англиските медиуми ги открија и условите кои Реал Мадрид му ги понудил на Белгиецот, а тие се навистина неверојатни.
Имено, „Дејли Мејл“ пренесува дека Азар во Реал ќе заработува 400.000 фунти неделна плата. Па доколку се комплетира трансферот Белгиецот ќе стане еден од најскапоплатените фудбалери во Европа.
Реал е спремен да ги задоволи апетитите на „сините“ и да плати 100 милиони евра. „Марка“ тврди дека недостасуваат само мали детали и дека трансферот ќе биде официјализиран во наредните неколку дена.