Уште тројца учесници на тенискиот турнир Адрија позитивни на коронавирус – Ѓоковиќ, сепак, се тестираше


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој беше дел од тенискиот турнир во Задар, објави дека е позитивен на коронавирус, дополнително уште тројца учесници на Адрија тур во Задар испаднаа позитивни на КОВИД-19, меѓу кои и хрватскиот играч Борна Ќориќ.

Турнирот беше прекинат вчера без да се одигра финалниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен. Тој се повлече од турнирот откако на првиот ден загуби токму од Ќориќ.

Освен младиот хрватски играч, позитивен тест имале и тренерот на Димитров, Кристијан Дрох и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники. Тестирани се вкупно 22 луѓе кои биле во близок контакт со Димитров.

Ѓоковиќ не се тестирал во Задар, туку ќе го направи тоа во Белград, каде што се врати веднаш по откажувањето на финалето. Според српските медиуми, Ѓоковиќ немал никакви симптоми, па затоа и немал обврска да се тестира веднаш во Задар.

Адрија тур е серија ревијални турнири организирани од Ѓоковиќ и по Белград и Задар, уште требаше да се игра во Сараево и Бања Лука.