Уште пет дена рок за мандатарот Груевски: Преговарат тимови или лидерите?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


ВМРО ДПМНЕ и ДУИ со дијаметрално спротивни одговори на прашањето како тече преговарачкиот процес и кој ги води преговорите. Спиро Ристовски вели дека има тимови кои преговараат, а Демократската унија за интеграција го негира тоа, велејќи дека преговорите ги води лично Али Ахмети, пренесува ТВ21.

Дека Ахмети лично ги води преговорите потврда пристигна и преку неговото интервју во Клик Плус каде изјави дека тоа е одлука на партискиот Конгрес.

Според информациите во овој момент преговорите се ставени во мирување поради тоа што Ахмети врши внатре партиски консултации со потпретседателите, на кои им го пренел тоа што било разговарано со претседателот на ВМРО ДПМНЕ. 29 јануари е денот кога на Никола Груевски му истекува мандатот за формирање на парламентарно мнозинство, односно има можност уште пет дена да најде заеднички јазик со лидерот на ДУИ.

Според сознанијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој се уште молчи по однос на Декларацијата, својот став ќе го каже по 29 јануари. Оваа партија е убедена дека Груевски нема да успее да формира влада.