Спорт

Уште ова го немавме видено: Аргентинец беше „фаулиран“ од гулаб! (ВИДЕО)

Аргентина вчера се избори за пласман во полуфиналето на Копа Америка со победата против Венецуела од 2:0.

„Гаучосите“ одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во десетата минута кога мрежата на Венецуела ја затресе Лаутаро Мартинез. Прашањето на победникот го решија во 74-тата минута кога конечните 2:0 ги постави Ло Селсо.

Но, на самиот почеток на натпреварот видовме една неверојатна ситуација. Топката ја имаше аргентинскиот фудбалер Родриго Де Паул кој заврши на тревата и бараше прекршок. Меѓутоа на успорената снимка се гледа дека него всушност го „фаулирал“ голубот кој беше на теренот.

Advertisements
To Top