Уште неизлезен, Avengers: Infinity War постави нов рекорд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиерната проекција на новото продолжение на „Avengers“ – „Avengers: Infinity War,“ беше распродадена за рекорден рок во помалку од шест часа, со што го собори рекордот на продадени билети во однос на другите супер херојски филмови.

Досега рекордот го држеа „Бетмен против Супермен“ на продукциската куќа Ворнер Брос и „Црниот Пантер“ на Марвел.

Марвеловите „Одмазници“ се враќаат во филмот насловен „Avengers: Infinity War“. Во него, освен досегашните супер херои од франшизата, ќе ги видиме и протагонистите од „Црниот Пантер“ и од „Чувари на Галаксијата“.

Премиерното прикажување е закажано за 27 април.