Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Скоро 113,8 милиони евра – толку пари владата денеска сака да позајми преку аукција на државни хартии од вредност. Дел од парите ќе се враќаат за 15 години.
Утре, државата по основ на доспеани долгови во приватниот сектор ќе мора да врати скоро 53 милиони евра. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов побара да се свика итна владина седница за усогласување на одлуката на владата со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност за годинава, со државниот буџет.
Од финансии тврдат дека денешните аукции се согласно законот, а Наумов шири невистини за политички да поентира. Наумов сепак останува на ставот дека министерството го прекршува членот 51 од уставот. Според најновите објавени податоци, заклучно со третиот квартал јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од БДП, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.