Уште една жртва на Ласкарци – почина девојката на која и беше ампутирана ногата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Почина 19 годишната девојка повредена во автобуската несреќа кај Ласкарци а која беше во тешка здравствена состојба. Ова за Телма го потврдуваат од Ургентниот центар од каде велат дека околу 1 часот попладне починала.

Нејзе ногата е и беше ампутирана, а повеќе од еден месец беше одржувана на апарати, поради тешките повреди. Таа е последната жртва на сообраќајката која се наоѓале во болница и со која бројот се зголеми на 16 загинати.

Со истрагата се опфатени 7 лица меѓу кои сопственикот на Дурмо турс и на автобусот, како и на возачот на автобусот. Тие се во притвор откако обвинителството утврди дека автобусот имал неисправни кочници и преправен апарат за бележење на брзината, а техничките прегледи се вршеле во сервис кој исто така го поседува сопственикот на Дурмо турс.

Извор: КФМ