Уште една смрт го потресе македонскиот ракомет: Почина 20-годишниот младински репрезентативец Марко Божиновски


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот младински ракометен репрезентативец Марко Божиновски почина ненадејно на 20-годишна возраст. Оваа смрт повторно го потресе македоскиот ракомет и цела јавност. Засега, не се познати причините за неговата смрт.

„Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски. Почивај во мир, сочувство до семејството“,велат од Ракометната федерација на Македонија.

Според неофицијални информации причина за смртта е срцев удар што му се случил во сон. Божиновски вчера настап на средбата против Еурофофарм Пелистер 2 на која постигна и два гола.

Ова е втора трагедија што деновиве ја потресе ракометната јавност. На 29 мај, во водите на Охридското Езеро беше пронајдено безживотното тело на ракометниот голман Никола Даниловски. Даниловски го бранеше голот на ракометниот клуб Охрид, а често беше дел и од македонската репрезентација.