Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Советот на Европската унија (ЕУ) ја прифати директивата за борба против избегнувањето на даноци од корпорациите, со која се цели затворањето на т.н. хибридни недоследности со даночните системи на трети земји, соопштуваат од Советот.
Директивата беше усвоена на Советот за конкурентност на ЕУ на 21 февруари годинава, а Европскиот парламент (ЕП) даде одобрение на крајот на април.
Новото законодавство има за цел да ги спречи механизмите преку кои меѓународните корпорации имаат корист од законските недоследности меѓу даночните јурисдикции, за да се намалат даночните обврски.
Нашата цел е да се справиме со една од основните практики на мултинационалните компании за намалување на нивните даночни сметки, коментира министерот за финансии на Малта, Едвард Шиклуна, чија земја во моментов претседава со ЕУ.
Директивата на пракса ги затегнува правилата кои ЕУ ги усвои порано во минатата година, за да се избори со најраспространетите форми на даночно избегнување. Со неа се потврдува и апликацијата на препораките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Земјите членки имаат рок до 1 јануари 2020-та година да ја имплементира директивата во националното законодавство.