Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И вчерашниот состанок на работните групи од власта и опозицијата за Предлог-законот за јавно обвинителство пропадна без успех да се дојде до доближување на ставовите за изнајдување решение за споменатиот закон.
Позициите од лидерската средба која резултираше без договор, придонесоа преговарачите да имаат дијаметрално спротивни ставови во однос на поделбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција на две посебни тела.
„За почеток, имаме разлики во толкувањето на заклучоците од лидерската средба. Еднаш да ги расчистиме тие разлики, потоа ќе продолжиме. Кога ќе се сретнеме? Не сме се договориле.“
Пред средбата, министерката за правда Рената Дескоска изрази песимизам за можен компромис, додавајќи дека нејзиниот песимизам извира од барањата на опозицијата.
Опозицијата ја оцени Дескоска како неуспешен раководител на преговорите.
Единствен оптимист е Стево Пендаровски кој вели дека работните групи се блиску до договор и оти набргу се очекува надминување на спорните прашања.
Следна работна средба не е закажана. Партиските групи ќе се консултираат во органите, а потоа повторно би имало преговори со цел надминување на разликите за поделба на Обвинителството, користењето на „бомбите“ како доказ во постапките и за судбината на предметите на Специјалното обвинителство.