Уште една Кардашијан стана мајка: Кло ја донесе на свет својата ќеркичка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


33-годишната Кло Кардашијан се породи вчера и на свет ја донесе својата прва ќеркичка. Породувањето се случи само неколку дена откако во медиумите експлодираше веста за неверството на нејзиниот партнер, НБА кошаркарот Тристан Томпсон, кој наводно ја изневеруваше додека таа е пред породување.

Нивната ќерка се роди во утринските часови, а за тоа како ќе се вика сѐ уште нема информации.

Досега познато е дека во моментите на породувањето со Клои биле сестрите Кортни и Ким, нивната мајка Крис, како и нејзиното момче. Луѓето од тимот кој го снима семејното шоу “Keeping Up With The Kardashians” исто така биле присутни во болницата во Охајо. Меѓу другото, од People пренесуваат дека камерите сведочеле и за реакцијата на Кло откако таа дознала за неверството на Тристан.

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Според информациите, таа била во нивниот дом кога ги видела снимките на кои нејзиното момче бакнува друга девојка и со истата го напушта хотелот во кој престојувал и се забавувал цели два дена.

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Тристан излегол од приватната болница 12 часа по раѓањето на неговата ќерка, поради обврските кои ги има со неговиот кошаркарски тим. Извори тврдат дека тој не бил присутен во породилиштето бидејќи семејството не му дозволило. Кло од друга страна, планира да остане во Кливленд уште краток период додека се навикне на новата улога како мајка.

Интересен факт е дека Тристан ја остави својата претходна девојка која беше во шестиот месец од својата бременост, токму поради Кло. Како ќе се справи Кло со неговите постапки и дали ќе му го прости неверството, останува да видиме.