Уште една драма: Трејлер за Fences – третиот филм на Дензел Вашингтон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Fences е американско-канадски филмски хит во исчекување, во решија на Дензел Вашингтон. Сценариото го потпиша Август Вилсон, а филмот е базиран на неговата истоимена претстава.

Дејството го следи едно питбуршко семејство на бивш играч од црнечката бејзбол лига во текот на ’50-те години од минатиот век. Во фокусот е неговиот однос со синот, но и нерешените случки од минатото со кои мора да се соочи.

Покрај Дензел, останатите улоги ги играат Виола Дејвис, Стивен Хендерсон, Расел Хорнсби, Џован Адепо, Микелти Вилијамсон и Санја Сидни. Премиерата е закажана за 25 декември.