Уште еден „волшебник“ го напушта фудбалот: Чави кажа КРАЈ!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После Рикардо Кака и Андреа Пирло, фудбалот ќе остане посиромашен за уште еден „Маестро“, откако легендарниот шпански плејмејкер Чави најави крај на кариерата.

Легендата на Барселона моментално настапува во катарски катарскиот клуб Ал Сад, но одлучи во 37 година од животот да прекине со професионалното играње на фудбал.

„Имав среќа да не бидам повреден и мислам дека дојде време да ставам крај на мојата кариера. Доаѓа до опаѓање, а Катар ми овозможи да ја продолжам кариерата. Сега се чувствувам се поуморен, потешко се опоравувам од напори, така што ова ќе биде мојата последна сезона да играм фудбал. Планирам веќе следната година да добијам лиценца и да станам тренер“, изјави Чави за шпанските медиуми.

Чави за првиот тим на Каталонците дебитираше во октомври далечната 1998 година и од тогаш одигра дури 767 натпревари, постигна 85 погодоци и освои огромен број на трофеи меѓу кои 8 титули во шпанската Примера и 4 во Лигата на шампиони.

Во дресот на Шпанија одигра 133 натпревари и беше светски и двоен европски шампион!